Историја на чевли во слики

Во модниот музеј во Бат има изложба со наслов Shoephoria, со 350 пара чизми и чевли, која ја илустрира нивната еволуција во последните 300 години, демонстрирајќи ја креативноста и стилот и на тие што ги правеле и кај тие што ги носеле.

Најстариот чевел во колекцијата е црвена, кадифена папуча со златен и сребрен вез што датира од 1690-те:

Штикла со цветен вез, од околу 1760:

Чизмите на кралицата Викторија со еластичен материјал од страните, изработени од чевларот Џозеф Бокс:

Бебешки свилени, извезени чевли, околу 1850-те:

Машки папучи со Берлинска плетка, 1880-те:

Руски чизми од околу 1900-те, што ги носел англискиот аристократ Отолин Морел (1873-1938).

Бебешки чизмички од бела кожа со свилени топчиња, околу 1914:

Златен, кожен чевел со дијамантска тока, околу 1920-те, изработка на Џозеф Бокс:

 

Сребрен чевел за танцување, околу 1940-те, изработен од Долчис, го носела Барбара Бакли:

Црвен, антилопски чевел со дрвен ѓон, 1940-ти. Од C&J Clark, сега веќе познат само како Clarks.

 

Златен, пластичен чевел без штикла, околу 1949. Изработен од Рејн.

Сребрена, спејс-ејџ чизма, ‘60-те:

Мрежести чизми, ги носела Алисија Маркова, изработени од Херберт Левин, во Њујорк. Околу 1964:

Плишани папучи со монограм, ги носел Ноел Кауард, ги направил Том Хил, околу 1967:

Чевлите на Џинџер Роџерс, од Рејн, околу ‘70-те:

Бордо чизми со екстремна платформа, од вештачка кожа, од околу 1972:

Златни налани со јаже со јазли, Кристијан Лубутан, околу 1997:

 

Црвени, вештачка кожа, со дрвена блок-штикла, од Марни, 2000-те:

 

Рив Гош чевли, Ив Сан Лоран, околу 2004:

Патики од Стела Макартни за Адидас, 2011:

Глитер чевли на топук од Питер Џенсен од колекцијата Принцес Џулија за есен/зима 2015:

Др. Мартинс, околу 2015, дигитално испринтани со серија слики од Хогарт:

Out of this World, класична кломпа, од Крокс, околу 2020:

извор

18 мај 2021 - 00:25