
Келнерот стои во позадина, останатите гости во ресторанот само постојат, а таксистот не ни постои.
Според актуелните тарифи на SAG-AFTRA, синдикатот што ги застапува актерите во САД, минималниот дневен хонорар за актер во категоријата „day performer“ во периодот од јули 2026 до јуни 2027 изнесува 1.283 долари, додека минималната дневна тарифа за статист е 231 долар. Дополнително постојат придонеси и други договорни обврски.
Тоа значи дека едно е да имаш човек што стои во позадина на сцената, а друго е да му дадеш реплика. Не дека постои доказ дека холивудските студија имаат правило според кое ги бришат малите ликови само за да избегнат „минимална плата“, ама не е дека не држи вода теоријата.
И економијата сепак може да влијае индиректно - мал лик не значи само хонорар, треба кастинг, договор, проби, костим, шминка, транспорт, распоред, снимање и организација. Секој дополнителен актер внесува уште една променлива во продукцијата. Затоа, во огромните и скапи современи продукции, постои природен притисок сценариото да биде што поефикасно.
Алтернативната теорија е дека или нема добри сценаристи (тешко), или тие што ги плаќаат не знаат да препознаат што значи шармантен ситен лик. А, пак - тешко дека е така.
Сега е малку појасно: