Има право Били Ајлиш

Можеби не ја разбирате, може ви е чудно, младо дете со музика што не ви е јасна, или имиџ што неодоливо ве потсетува на денешната неразбирлива младина, ама девојчето - има право

Има нов краток филм, со наслов Not My Responsibility („Не е моја одговорност“), кој сама го направила и се користел на светската турнеја Where Do We Go? пред да ја откажат заради корона.

Филмот е за „боди шејминг“, или ругање на основа физички изглед, нешто што никако да ни текне дека е бескрајно глупо, посебно за изборот на Ајлиш да носи вреќи за да избегне објективизација.

„Телото со кое се родив - не е тоа што сакавте?“ прашува во филмот, додека се спушта под вода. „Имате мислења за моите мислења, за мојата музика, за мојата облека, за моето тело. Некои луѓе го мразат тоа што го носам, некои го фалат, некои го користат да ругаат некои други, некои мене - но чувствувам дека ме гледате. Секогаш. И ништо што ќе направам не поминува незабележано. И така, додека чувствувам како зјапате, како не одобрувате, или како ви олеснува; ако живеев по тоа, немаше да мрднам.“

Потоа исчезнува во мрак и прашува:

„Би сакале да бидам помала? Послаба? Помека? Повисока? Ако носам нешто удобно, не сум жена. Ако отфрлам слоеви, ороспија сум.

Иако никогаш не сте ми го виделе телото, сепак судите, и ми судите мене. Зошто? Имате претпоставки за луѓето врз основа на нивната величина. Ние одлучуваме кои се. Ние одлучуваме колку вредат. Ако носам повеќе, ако носам помалку, кој одлучува што мене ме прави тоа? Што значи? Дали мојата вредност зависи само од вашата перцепција? Или вашето мислење за мене не е моја одговорност?“

Поточно, девојчево во едно визуелно уметничко дело срочи нешто што некои (многу постари и поискусни) луѓе се пенават во сто статуси на Фејсбук да го напишат, и пак не им успева.

Еве:

27 мај 2020 - 11:38