Кели Озборн отсекогаш била искрена со фановите - без проблем им се отвори, на пример, кога после четири години трезен живот, им се довери дека потфрлила. Вели дека е искрена и на тема пластични операции, бидејќи според нејзе, постојат онлајн гласини дека легнала под нож и дека ѝ направиле сериозни зафати, но инсистира дека не е точно.
„Добро утро на сите. Во моментов сум на шминка и фризура. Сакам само да отворам една тема што ја коментирате, затоа што сум секогаш искрена и директна за она што го имам направено на телото и која сум.
Не сум имала пластични операции. Никогаш не сум направила нешто на лицето освен неколку филери во усните, во вилицата и на челото. Не лажам, но ви благодарам на комплиментите.“
Нормално, следеа коментари на подршка (и по некој на недоверба), но сепак, не е дека Озборн не признава ниту една операција: беше искрена за бајпасот на желудник, и плус беше горда.
„Многу ми е гајле што ќе кажат луѓето,“ рече во еден подкаст минатиот август. „Само ти ја менува формата на стомакот. Тоа го направив пред две години и никогаш нема да лажам за тоа. Најдобро нешто што сум го направила.“
Вака звучи искрено, и ако е, тогаш секоја чест на тие со филерите, плус фризерот и шминкерот:
И уште постаро: