
Правење кукла по ликот на тој што бара помош, или на кој треба „да му се работи“ има и во древните вештичарења на територијата на Велика Британија, и дури ни таму не се негативна појава.
Но, интересното што го раскажува овој доктор на видеото е што нема ни врска со магија, како што ни било покажувано на филмови со години.
Просто, вуду-куклата во неговиот речник е - медицински картон.
Значи замислете: Времето е гадно, а црните луѓе покрај сè што им бранат, им бранат и да научат да читаат и да пишуваат. И кога ќе дојде пациент кај доктор, му кажува дека го боли глава, докторот му дава лаванда или камилица, а потоа прави кукла што ќе личи на него и ѝ става на куклата клинче или игличка во глава и ја трга на страна.
За една недела доаѓа пациентот и си ја бара куклата. Докторот прашува дали му поминала главата - ако да, тогаш ја вади иглата. Ако не, тогаш иглата останува, за да знае дека проблемот уште не е решен.
Толку.
Картон. Или книшка.