На пример, Кристофер Пламер бил тешко ѓубре наводно, дури и книга имал напишано за тоа колку му е ќеиф сексуално да малтретира жени, објективизира малолетни девојчиња и признава за фантазии со силување. Во неговиот случај, ако е точно тврдењево за книгата, има црно на бело, но во други случаи е рекла-казала, па не треба да се зема здраво за готово.
Сепак, не е едно тврдење за Ганди - тоа што го правел, денес веќе се смета за сексуална злоупотреба. Чувствувал вина за поривот за секс и за да се „прочисти“, спиел гол со млади жени и се обидувал да не добие ерекција. Една од овие жени е Аба Ганди - негова правнука и тогаш тинејџерка. Верувал дека ако успее да оддолее на телесното искушение ќе биде чист. Ама да легне со внука му. Ама чист.
Има некои наводи и дека Боуви редовно спиел со тинејџерки, а се преправал дека не е така. Или, како било да се работи со Принц: јавна тајна било дека бил ужасен за соработка, и имало узречица: „Не си никој и ништо во индустријава ако не те отпуштил Принц.“ Легенда си е човекот, ама егото му било вон контрола.
Томас Едисон како една посебна категорија говно, крадел патенти, газел преку конкуренција и дури и мачел слон со струја за да ѝ докаже на јавноста дека неговиот пронајдок е побезопасен од тој на тесла.
Хичкок си ги измачувал главните глумици, како што и кажа во неколку наврати Типи Хедрен, еднаш и пред некоја година, во екот на #MeToo.
Тед Кенеди, „еден од најпријатните сенатори“ има убиено девојка возејќи пијан.
Или Реј Чарлс - еден куп направени и непризнаени деца.
Брајан Џонс од Ролинг Стонс фановите го обожаваат, заслужено заради неговата улога во бендот, музичките придонеси и навистина е штета што така му заврши животот. Но, има историја на семејно насилство.
Во Џејмс Браун се крстат луѓе и е култен, ама наводите велат дека физички ја малтретирал жена му (дури и еднаш со железна шипка), стигнала и до болница. Има малтретирано и други, една силувано под закана со пиштол и напаѓано уште и уште жени, па да не продолжуваме. Изворите се тука, под број 13.
Роналд Реган им се потсмевал на геј луѓе што умирале од сида.
Браќата Рајт се пионери во авионскиот сообраќај, но американската војска имала многу ограничена флота во Прва светска војна, затоа што тужеле сѐ живо што ќе направело макар и слично на нивното.
И Џон Вејн: наводно расист, хомофоб, сексист и едноставно ужасен.
Сите извори тука.