Иднината на „Сендмен“ е матна заради навиките на публиката

Нил Гејман кажува дека фактот што публиката немала тенденција да ја „бинџа“ серијата, влијае на плановите на Нетфликс за втора сезона.

Не се знае колку луѓе „едвај чекаат“ втора сезона, ама во моментов нема конкретен одговор за нив - Нетфликс сѐ уште не потпишува за продолжение затоа што публиката не ја изгледала цела во една вечер, туку ја развлекувала во текот на одреден период, што баш и не се случува често ако серијата е предобра.

Во одговор на сега веќе избришан твит, авторот Нил Гејман објасни:

„Првата сезона излезе на 5 август. Обработката на податоците штотуку заврши и комплицирано е поради тоа што многумина не ја „бинџале“ туку ја одложувале, затоа што сакале да им легнат епизодите пред да продолжат.“

Спомнал и дека притисокот од фановите нема да ја забрза одлуката на Нетфликс.

Иако не се знае што ќе се случи, од продукцијата веќе најавуваат дека носат одлуки однапред. Велат дека имаат многу убава рамка за тоа како би се одвивала втората сезона, дека сѐ уште се дотеруваат сценарија и се обработуваат некои детали. Извршниот продуцент Дејвид С. Гојер забележа дека е „полесно да се напише сценариото за втората сезона затоа што публиката е веќе едуцирана за тоа како функционира светот на соништата.“

Гејман изрази интерес и за спиноф серии од „Сендмен“, како на пример за сестрата на Морфеус, Смрт, и за Џоана Константин.

Инаку, првите десет поглавја од серијата се базирани на првите шеснаесет епизоди од стрипот.

26 септември 2022 - 13:38