„Чајна Дол“ палетата за сенки на Лајм Крајм
Од сликата ви е веројатно јасно каде лежи проблемот: Девојката е бела, а облечена во комбинација од ствари од различни азиски култури. Рекламата:
Пресуваната палета за сенки Чајна Дол ги носи мистеријата и фантазијата на далечниот Исток во вашиот секојдневен стил. Во колекцијата има пет сенки инспирирани од ориентот и покриваат супериорно, кремасти се по текстура, од мат до металик финиш и лесно се блендираат - совршени за кежуал или драматични комбинации. Ќе се претворите од див змеј во елегантна императорка за пет минути.
Основачката на брендот До Дир напиша цел блог пост со чудење зошто луѓето толку реагираат на културолошко присвојување, но палетата не се повлече.
Карминот „Селебутард“ на Кат Вон Ди
Името е комбинација од зборовите „селебрити“ и „ретард“ и го повлекоа од продажба откако се пожалија муштерии и непрофитни организации за лица со ментален инвалидитет. Кат Вон Ди твитна нешто од типот, „Аман, кармин е!“, ама избриша.
Карминот Pussy Whipped на Џефри Стар
Откако Џефри Стар го откри името, на Твитер повикаа на бојкот на компанијата затоа што „името гламоризирало женско обрежување.“ Whip е камшик, другото знаете. Како стигнаа до тоа, не се знае. Стар не даде никаква формална изјава, ама твитна „Сум чул и бетер. Чекајте да зевнам.“ Карминот е уште достапен.
Пак Кат Вон Ди со „Малолетно црвено“ - кармин
Бараа да се тргне заради сексуализирање на тинејџери и деца. Вон Ди се обиде да одбрани на Фејсбук:
„Овие луди и ужасни обвиненија што тврдат дека било кој аспект од мојата линија би промовирал деградирање на жени, обљуба, сексуално однесување, трговија со луѓе, малолетничко пиење или дури и идеализација на младоста се против сѐ за што јас се залагам. И извинете ако овие статии и коментари ми се чинат запрепастувачки и неточни.“
Сѐ уште се продава.
Стапчињата за вајање на Колорпоп
Ако ви се гугла - ColourPop Cosmetics' Sculpting Stix - а проблемот е што има палета на нијанси, каде што светлите имаат имиња како „Castle“ и „Venice“ а темните „Typo“ and „Yikes“. Како па им текна во денешно време на „Замок“ и „Венеција“, наспроти „Ух“ и „Печатна грешка“, не се знае.
„Едвај легалното“ руменило на Кајли Џенер
Кога излезе линијата, на луѓето автоматски им стана незгодно од нијансата „Barely Legal“, особено што кога Кајли ја почна врската со оној еден несреќен рапер, имаше 17 години, а тој 25.
„Запознај го Мет (Мат)“
Во оваа палета на Д Балм, секоја нијанса го носи името на одреден Мет (игра на зборови со мат-ефектот). На луѓето им се виде расистички што од горе лево, до доле десно, нијансите идат од жолта (Мет Лин) до ѕифт црна (Мет Ахмед). Никој тоа не им го есапеше, а и идејата е богами интересна.