Лејди Гага ни е под кожа уште од оној искрен и емотивен документарец кога го спремаше албумот Јoane и настапот за полувремето на Супербоул. Видеото е секако дел од промотивната кампања на нејзината декоративна козметика, ама има нешто освежително во моментот што се појавува со обично (макар и боцнато) лице и кожа, пие кафе и нуди ѕиркање во нејзината рутина за спремање - веројатно рутина кога оди на роденден кај братучетка, не толку кога се спрема за концерт.
Она што е интересно во производите: коректорот на Хаус - брендот на Гага - содржи кофеин, а корисниците пријавуваат намалување на отоците под очи после две недели користење.
*пауза за проверка дали Хаус испорачува до кај нас*
Пудрата исто така има состојки за нега на кожа, многу слични со тие на коректорот, па одлично соработуваат, само да не се „изгубат“ во Пошта.
Пазете на хак кај бронзерот, кај белата пудра и кај руменилото.