Сем Барски од Балтимор, Мериленд има скоро 200 џемпери и го руши интернетот со мотивите на нив - Стонхенџ, балтиморски улици, Холивуд знакот; од споменици до обично секојдневие.
Во едно негово интервју за Њујорк Тајмс, кажува дека почнал да плете уште во 1999. Се сретнал со некои љубезни тетки што плетеле, го научиле и останатото е историја.
Вели дека плете околу еден џемпер месечно и често додека планира патување на некое место. Плете и бебешки капчиња и ги донира во болници. Понекогаш знае да сплете и за жена му нешто што одговара со неговите џемпери.
Има и онлајн бутик и таму може да се најде нешто за сечиј џеб - ако си нарачате џемпер со споменик од вашиот град, ама да го има и него, цената знае да надмине и 10.000 долари. Но, ако од некоја причина сакате дело од Сем Барс, а не можете да си го дозволите, има и маици со принтови од од неговите најбарани дизајни за 39 долари, плус шолји, календари, принтови и слично.
Еве го сајтот, човекот е многу озбилен, и Википедија има. Патем, ако сакате да ви се појави на вашиот настан, да речеме, во Скопје, ќе ве чини 100.000 долари. Ова му е за покривање трошоци, за обраќање, за одржување час по плетење и сплетување еден џемпер со, пример, Камени мост што ќе си го задржи за себе.