Го зезаат Џејсон Момоа дека се здебелил

Џејсон Момоа. Кал Дрого. Го зезаат на интернет дека се здебелил. Сега ќе видите и на која слика виделе дека се здебелил.

Значи, човекот оди на одмор, со жена му, децата и ќерката на жена му од првиот брак Зои Кравиц (нели, одморче, фамилија), се наоѓаат таму папараци, и кога ќе се соблече по купачи, бидејќи нели, на одмор - слик. И не само „слик”, туку и коментари! Цела една Твитер маса е разочарана што Кал Дрого веќе нема стомачни.

Значи беше ваков:

Сега е ваков:

...

Поточно, најверојатно, НАЈВЕРОЈАТНО! Момоа решил да се опушти после Аквамен и да, замислете - не вежба ТОЛКУ! И не јаде само протеини и ништо друго на планетава!

Дебел им бил бе.

Или како што коментира некој лик на Твитер, „мрчат за телото што сè уште е тело на натпросечно згоден човек, а не на спартански војник.”

Ај нека дигнат рака прво, тие што мислат дека „нема смисла што се здебелил”.

Ај сега од тие што дигнаа рака, нека дигнат рака тие што имаат еднаков, или боље од Џејсон Момоа дома, или во огледало.

...

Така и си мислевме.

11 јули 2019 - 00:00