Гласовите на Дизни за 100-годишнина

Некои ликови се и цели 100 години стари, па иако ги имаат истите гласови, тие доаѓаат од нови луѓе. А некои се баш истите. Дизни слави 100 години и им се заблагодарува.

Инаку, датумот е 16 октомври, а годината е 1923 кога Волт и Рој Дизни основаат студио за цртани во Холивуд. Студиото, што сега го знаеме како Волт Дизни Компани имаше огромно влијание на индустријата и сега е една од најголемите медиумски компании во светот. 

Еве го и шармантниот спот што го пуштија за годишнината:

7 ноември 2023 - 16:56