Ѓаволот носи очила за сонце кога те отпушта од работа

Над 400 вработени од сите публикации на Конде Наст - Вог, Венити Фер и ЏиКју напуштија во вторникот. Им се придружија колеги од други брендови како Алур и Бон Апетит и протестираа пред канцелариите на компанијата во Њујорк, поради одложувани преговори за договорите за работа и нефер практики за отпуштање на вработени.

Ен Хатавеј во реална паралела на нејзината улога во „Ѓаволот носи Прада“, застана со штрајкувачите и напуштила фото-сесија кога ѝ ја објасниле ситуацијата од САГ-АФТРА. На вработените им значи затоа што токму тој филм во голема мера ги прикажа тешките услови за работа.

Зоврело поради проблематичниот однос на Конде Наст со работната сила, која влезе во синдикат во 2018. Тензиите ескалираа на 1 ноември, кога директорот Роџер Линч најави отпуштања, па по ова синдикатот поднесе обвинение за нефер трудови практики против Конде Наст, со тврдење дека нарушиле работнички права.

Работниците стратешки престанаа со работа на 24 часа со најавите за номинации за Оскар што е голем ден за вести за магазин како Венити Фер.

Еден вработен сведочи дека Ана Винтур не ги ни извадила очилата за сонце кога им соопштила на некои дека „ќе ги бркаат“.

„Продолжуваме да го поставуваме стандардот на индустријата во време кога новинарството е загрозено, медиумските работници се подложни на отпуштања, а културолошкиот дискурс е сѐ поредок,“ велат од синдикатот.

Конде Наст за себе вели дека е „компанија од иднината“, но единствениот доказ за прогрес е давање моќ на работната сила преку колективна акција и тие сметаат дека заслужуваат да одлучуваат.

Еден од појаките транспаренти прави финта од епскиот монолог на Мерил Стрип од филмот:

Вели:

Црвеното претставува милиони долари и безброј работни места и малку е комично што мислите дека сте направиле избор што ве иззема од трудовата инфустрија кога, всушност, водите магазини што ви ги направиле луѓето на овој протест.

А имаат и видео во стилот на „73 прашања“: 

25 јануари 2024 - 10:30