Во оригиналниот филм, добрата вештерка Глинда има мастика-розев фустан што сите го паметат. На Бродвеј, фустанот е син, само затоа што имало „правни проблеми“, но после добивање на „специјална дозвола“, за новиот филм можеле на раат да шијат со розево.
Тејзвел вели:
„Имав намера и да создадам слична силуета. Аријана како Глинда во тој фустан личи на самовилска принцеза. Фустанот светка и опкружен е со меурчиња. Значи ги има сите тие магични квалитети на Добрата вештерка од северот, но е нов.“
Тој дизајн се отсликал и во остатокот од гардеробата на ликот.
„Продолжив со тоа дури и во униформите. Има пеперутки на блузата, прозирни, блескави материјали,“ изјави Тејзвел за Тин Вог. „Сѐ се врзува со топлата розева од оригиналниот фустан.“
Самиот дизајн е инспириран од пеперутки и Фибоначиевата спирала.
Го гледавте ли филмот?