
Дека Французите нешто прават паметно во однос на исхраната е стара вест, ама нова е дека една американска нутриционистка, откако поминала одреден период во Франција, се обидува да го сумира наученото - Џејн Леверич споделува дека периодот што го поминала таму ѝ го променил односот со храната, па филозофијата ја дели на пет принципи:
1. Plaisir: Уживање без вина
Во француската култура, храната не е само гориво туку извор на радост. Ако си дозволиме да уживаме, поретко ќе претеруваме и ќе бидеме позадоволни.
2. Équilibre: Рамнотежа наместо рестрикција
Елиминирањето на цели групи храна ретко функционира. Балансот - комбинација од хранливост и остварени желби - создава долготрајни навики.
3. Qualité: Квалитет над квантитет
Французите се потпираат на свежи, сезонски и внимателно приготвени намирници. Помалку, но подобро - тоа е суштината.
4. Rituel: Оброците како мал ритуал
Ниеден оброк не мора да личи на „тажен ручек на биро“. Забавување, уживање во залаците и мали навики околу масата создаваат подобро варење и подобра концентрација.
5. Joie de Vivre: Храната како дел од радосен живот
Нутриционизмот не е само здравје, туку и задоволство. Совршено направено кафе, споделена вечера со пријатели, мирно појадување - малите ритуали го збогатуваат секојдневието.
Францускиот модел не е идеализирање, туку потсетник дека добрата храна и доброто здравје можат да коегзистираат. Со малку повеќе внимание, побавен ритам и вистински избори, уживањето и храната можат повторно да одат заедно.