Е па, кога не давате шорцеви

Група тинејџери на кои им забраниле да облечат шорцеви во школо за време на топлотниот бран, протестирале со тоа што дошле во сукњи во школо.

Петнаесетгодишниот Адријан Коп, организирал група ученици во едно школо во Корнвол, за да го искаже ставот против застарената политика за школски униформи.

Дошол во сукња од Асда што чини 8 фунти, бидејќи, без разлика на температурите кои неделава им беа над 30 степени, машките средношколци не смеат да носат шорцеви, но сите ученици, од сите полови смеат да носат сукњи.

Така значи?

И Адријан и неговите двајца другари Конор Хамфрис и Скот Пенман планираат да продолжат да си ги носат нивните сукњи до крајот на неделата и велат дека сакаат и машките и женските да добијат опција да носат шорцеви.

„Многу ми беше посвежо. Навистина е неудобно да носиш панталони на овие жештини,“ вели Адријан. „Мешани реакции добивме. Некои професори мислеа дека се зезаме. Но, имаше и такви што не храбреа. Група деца од 8-ма година навиваа и ракоплескаа.“

Ги отстраниле од часови и им забраниле социјализација 24 часа, но сепак ги пуштиле затоа што немаа за што да ги казнат.

„Не скршивме никакво правило. Само сакаме сите да можат да носат шорцеви и тоа важи и за девојчињата.“

Правилото за униформите инаку гласи: Учениците мораат да носат обични, црни, скроени панталони направени од стандарден материјал, од струк до глуждови. Мораат да одговараат со сако. Сукњите мораат да бидат плисирани и да не бидат повисоки од една кредитна картичка над коленото.“

Битката на оваа тема трае со години, и Адријан има поддршка и од мајка му.

„Немаше одредено пол кај политиката за униформите, па сакавме да играме по правилата. Ни на некои девојки не им е удобно во сукњи, па ова е за сите ученици.“

27 јули 2021 - 08:01