Доста беше со есенски романтики

Терминот е cuffin season, сезона на ставање лисици, а популаризиран е од песна со истиот наслов - се однесува на „она кога летните девојчури ќе се претворат во нечии зимски женчиња“. Или, моментот кога луѓето бараат краткорочни партнерства „за да ја поминат зимата.“

Сега, се напушта „сезонската романтика“ и фокусот е на пријателства, работа на себе и не-транскциони конекции.

Раперката и модел Мораја Милс минатиот месец на ТикТок објави дека овој тренд е „откажан“:

„Не ми е гајле за ставање лисици. Гајле ми е за себе. Имам доволно пари да си поминам добро за празниците и имам семејство.“

Видеото е хуморирстично, но сепак се граничи и со трендот на зумерите да ја отфрлат „културата на мување“ и секс без обврски и да се префрлат на апстиненција.

Класичната родова тропа на „есенската романтика“ е дека до крајот на зимата, жените ќе посакаат да бидат во врска, но мажите ќе сакаат повторно да бидат сингл на лето.

„Многу луѓе го мразат терминот cuffing season затоа што звучи како модерна верзија на ball and chain (топката и синџирот, англиски идиом за брак, демек затвор)“, вели психотерапевтката Рејчел Рајт. „А се работи за автономни луѓе што сакаат да останат затворени и да се посветат на моногамни или немоногамни врски.“

Габес Торес, филипински терапевт и уметник вели дека луѓето во моментов ја преиспитуваат културата на „барање привремена љубов“. Ова вклучува и преиспитување на улогата на пријателството. Луѓето се помируваат со фактот дека културата на авантури за една вечер не ги задоволува нивните основни емотивни потреби. Сфаќаат дека овие потреби не им се исполнети во врските без обврски и на крај, оние кои ја отфрлаат есенската романтика се оние што се спремни да бидат исполнети на начини што авантурите за една вечер не можат да ги понудат. Самиот термин имплицира казнени структури, како да сакаш да заклучиш некого.

Ваквите термини (исто и гоустинг) не се проблемот, туку проблем е дејтинг-културата што нè охрабрува да гледаме на другите како заменливи, што е уште попродлабочено со бескрајното „свајпање“ на апликации. „Нашите колективни идеи и практики во барањето и искусувањето на интимност секогаш ќе се менуваат и ќе поминуваат секвенци на одново раѓање,“ вели Торес, забележувајќи дека ѝ се допаѓа каде води културата на љубовни врски поради акцентот на пријателската.

„Сезоната на лисици“ можеби никогаш нема да се искорени од речникот на машкиот дел на интернетот, но барем мемињата и онлајн дискусиите ќе станат помалку релевантни, со тоа што луѓето сè почесто бараат алтернативни начини да се поврзат меѓу себе, а тоа да не е краткорочна врска. Со тоа, се создава простор за односи базирани на јасна комуникација и можеби нова сезона на лични контакти кои ја опфаќаат моменталната желба за поголема длабочина и транспарентност.

17 ноември 2022 - 00:01