Авантурите за една ноќ се завршена работа

Вака велат дури половина од младите (зумери и миленијалци) и бараат поинакви форми на интима.

Совршено е јасно дека пандемијата имаше длабок ефект на тоа како гледаме на поврзувањата со другите и интимата, но кои од тие промени ќе останат трајни, останува да видиме. Сега ново истражување покажува дека ставот на младите кон секс без обврски се променил, со тоа што над половина од испитаниците тврдат дека не се заинтересирани за тоа како што биле претходно и дека one night stands ќе станат дел од минатото кога ќе заврши пандемијата.

Во светот, вакцините полека им стануваат достапни и на луѓе на возраст од 20-и-кусур, па човек ќе си помисли дека после конечна дозвола за нормално однесување во јавност, едвај ќе чекаат да се доближат до првиот човек што е отворен за соработка. Сепак - изгледа не.

Според истражувањето, копнежот е за подлабоки односи, а прашаните рекле дека повеќе би сакале други форми на интима наместо сексуални - на пример, емотивни или интелектуални, со скоро 45% кои изјавиле дека „сега физичката конекција не им вреди толку.“

Младите биле и посамоуверени во однос на нивните „вештини за виртуелна сексуална интима“ (или, секстинг), отколку за вештините во живо, што и не е некој шок, со оглед на тоа што долго време само екрани и можеа да гледаат.

Но од тие што сепак започнале врска без обврски во текот на минатата година, 85%, што е девет десетини - се свртеле кон цимер, или некој што го знаат со години и тоа на платонски начин, што значи дека апликациите за состаноци не изиграле којзнае каква улога.

Самците ги исполнувале своите сексуални потреби и преку адекватни ТВ-емисии, или претплатувајќи се на платформи со содржини за возрасни, или слушајќи подкасти за секс.

15 јуни 2021 - 11:28