Да, многу е смешно и интересно кога ќе се напишат книги „Мажите се од Марс, жените се од Венера” или „Зошто мажите не знам што, а жените купуваат штикли”. Ама реалните проблеми во врската, пробал ли некој да ги расчлени? Знаат ли тие што прават пари од такви заебанции со какви работи се справуваме ние секојдневно?
Ти му збориш, он не разбира.
Не слуша.
Не сака да поработи на односот.
И секогаш така. Сега да пробаш да разговараш со него, ќе проба да го бара во тебе проблемот. Демек, „добро, не си се запрашала да не е проблемот во тоа што ти...” -ЗНАЧИ, НЕ.
Не се работи за тоа.
Подлабоко е.
Не разбираш.
Не се работи за шајката.