„Дина: Пророштво“ со најслаби резултати во франшизата

Фановите нестрпливо ја очекуваа серијата за настаните 10.000 години пред оригиналната приказна на „Дина“ и ја дочекаа на 17 ноември, но критиките се мешани.

На Rotten Tomatoes има 68% од критичари, а 60% од публика што е значително пониско од првиот и вториот дел (од новите).

Серијата следи две сестри од семејството Харконен, Валја и Тула, кои се трудат да ја преземат контролата на галаксијата заткулисно. Се прикажаа неколку интригантни ликови во првите неколку епизоди. До половина е - излезени се три од најавените шест епизоди, но по интернет се појавува прашањето дали „ќе има нешто поинтересно, или само толку?“

Интересното е што и покрај ваквите наслови, коментарите конкретно под еден од нив се главно позитивни. Луѓето стрпливо расправаат дека е сепак slow burn серија што полека го развива дејството и повеќето тврдат дека им е интересно.

Втората сезона уште не им е осигурана.

10 декември 2024 - 00:29