Дали ВИ-манекенки ќе ги заменат вистинските?

Модните брендови се вртат кон дигитални модели во обид да заштедат на трошоци и време, дури и полесно да дојдат до инклузивност. Што значи ова за вистинските?

Во април, над 1800 лидери од светот на технологијата потпишаа отворено писмо објавувајќи дека пребрзо ја прифаќаме вештачката интелигенција, наведувајќи дека постојат длабински ризици за општеството и човештвото. И додека многумина се прашуваат дали професијата ќе им страда заради ВИ, модниот свет веќе се соочува со таа реалност.

Иако со години користат ВИ за предвидување и анализирање трендови, сега веќе почнуваат да ја користат за креирање на дигитални манекени. Левис веќе потпиша со еден стартап за ВИ од Амстедрам, Лалаланд.аи, тврдејќи дека ќе ги искористи за да ги зголеми бројот и разноликоста на производите на одржлив начин.

Реалноста? Компаниите користат вештачки модели веќе некое време, а никој нема забележано, затоа што е речиси невозможно да направиш разлика меѓу дигитален и реален човек на интернет.

На пример, девојкава не постои, дигитална е:

Сè повеќе брендови се вртат кон вакви стартапи за да добијат модели што не им трошат време и пари. Со традиционална фотографија, се најмуваат модели, се работи со трети страни како агенции, стилисти, шминкери, па повторување на сесиите ако нешто не успее... И станува невозможно за брендот поради овие трошоци да не ја зголеми и цената на производот.

Освен парите, постојат и други фактори кои ја прават модната индустрија особено ранлива на замената со ВИ. Прво, моделите не се сопственици на нивната работа и на имиџот. Кога се работи за ВИ, има сива зона околу нивните податоци - лице, структура на коски, пози и друго - и околу тоа кој го поседува тоа ако зборуваме за податоци што се користат за да се тренира ВИ.

Оштетените веќе расправаат дека изговорот за „инклузивност“ е шуплив - има доволно агенции и доволно народ во сите бои и големини.

Левис конкретно ја дополни објавата дека ќе работат со ВИ и со тоа дека „само ќе им помогне“, а немаат намера да престанат со фотосесии во живо и живи модели.

Не им веруваат многу.

1 август 2023 - 12:16