Дали си „буменијалец“?

Од „бумер“ и „миленијалец“.

Ако ве знаат како „старата душа“ или „мајката“ во друштвото, и тоа не само затоа што сте помудри, туку и затоа што некои работи ги правите „старачки“ тогаш можно е да сте boomenial. Бумери се родени од 1946 до 1964, миленијалци од 1981 до 1996.

  1. Носиш крокс затоа што зошто би се мачел да носиш било што друго?
  2. Викендите се за завршување обврски надвор и по дома, не за забава.
  3. Нема ништо подобро од шолја топол чај пред спиење (и тоа омилената шолја).
  4. Многу сериозно размислуваш за собирање купони од маркети.
  5. Следната епизода од Закон и ред почнува во 9 навечер во петок, па се разбира дека ќе ја снимаш за да ја гледаш сабајлето (си легнуваш во 9ипол).
  6. Чуваш работи во специјално изработени рамки.
  7. Најнеиронично на луѓето им викаш дека „во твое време“ било поинаку.
  8. Кафето го сакаш исто како чувството за тоа што братучетка ти заборави да ти испрати картичка со благодарност после нејзината свадба - горко.
  9. Идејата за совршена вечер вклучува маратон од House Hunters и легнување рано.
  10. Во недела попладне имаш слободен час и се мислиш дали да читаш книга, или да дремнеш. Или и двете?
  11. Знаеш дека си досаден, ама едноставно не можеш да одобриш музички фестивали.
  12. Имаш претплата за домаќински списанија.
  13. Кога се јавуваш кај другар/ка и не крева, оставаш долга порака, во случај да не го види пропуштениот повик.
  14. Хоби ти е чистење, набљудување птици и собирање марки.
  15. Мислиш дека би било многу јако да научиш да везеш.
  16. Грбот ти откажува почесто од порано.
  17. Омилена сезона ти е сезона на џемпери.
  18. Омилен начин да поминеш дождливо попладне е да испечеш нешто.
  19. Нема поголем срам од тоа да се појавиш на вечера каде што сите носат по нешто со чипс и сос купен во продавница.
  20. Папучи за по дома едноставно имаат смисла.
  21. Имаш многу растенија и им правиш муабет.
  22. Ако ти се запали куќата, ќе ги грабнеш семејниот фото-албум, изводот од матично и пиштолот за етикети.
  23. Секогаш имаш Аспирин, фластери и бонбони во ташна.
  24. Котиџкор не е тренд туку животен стил.
  25. Едвај чекаш ова да го споделиш, се разбира на Фејсбук (Инстаграм е за млади).
23 февруари 2024 - 11:00