Тиген, за чии „злодела“ пишувавме во „И Твитер-божествата не се безгрешни“, која поради стари твитови каде што малтретира луѓе ја откачија минимум три брендови со кои соработуваше, се надева дека Опра Винфри ќе замавне со магично стапче, ќе ја покани на темелно интервју и ќе ѝ ја спаси репутацијата која секој ден ѝ тоне се повеќе поради скандалот со сајбер-силеџиство.
Еден извор вели дека Криси е во моментов во преговори со Опра, за да седне и да ѝ раскаже сѐ во интервју, бидејќи „е борец и верува дека таков добар комуникатор, што не постои лом што не може да го среди со муабет.“
Тиген на Медиум во понеделникот напиша долг пост каде признава дека била трол и инсистира дека „веќе не е таква“.
„Сите медиуми во светот ја контактираа за прво интервју пред камера, но нејзе Опра ѝ е прв избор. Ако Опра може да ѝ прости на Криси, тогаш и нацијата може,“ вели изворот.
Инаку, станува и полошо затоа што минатава недела излезе уште еден човек, дизајнерот Мајкл Костело кој бил сајбер-малтретиран од нејзина страна и тврди дека помислувал и на самоубиство откако Тиген решила на непроверени тврдења да му го уништи брендот. Освен него, меѓу другите, жртва била и Линдзи Лохан.