Форумите за луксуз на Реддит се полни со луѓе со „егзистенцијални“ кризи околу насилното тргање на завесата. Или, можеби луксузните брендови станаа предобри во нивниот маркетинг, но кога обична жена ќе штеди со месеци за еднаш-во-животот да си дозволи луксузно парче, веројатно ќе очекува повеќе од кожна торба за секојдневните потреби. Секојдневните потрошувачи на луксуз, со плакари полни дизајнерски парчиња веќе знаат што се случува со маржите - некој мора да плати за картичките за време на празници, или бесплатните чаши шампањско додека пазарат во продавница.
Уште еден проблем што го имаат големите брендови е вечниот подем на лажните ташни што се појавуваат во сè поголем број и со сè подобар квалитет. Сега може лесно да се дојде до висококвалитетна копија за многу помалку пари, а вистинскиот бренд не може ни да гарантира дека производите се добиени со пристојни работни услови или престижни материјали.
Се разбира, ќе има и такви што нема да постават ниедно прашање и понатаму ќе трошат годишни плати на обичен свет во Диор.
Инаку, ташната од 53 евра има скриен „ризик по репутација“ - можеби Диор мислеле дека им е полн погодок тоа што нашле добавувач што ќе им сошие за толку малку, а тие ќе заработат толку многу, но веројатно повеќе ги чини санирањето на штетата.
А што точно плаќаме: Бренд вреден околу 10 милијарди долари може да троши 23% од продажбата на сирови материјали и труд. Што значи, ташната од 2600 евра сега чини 598 евра. Ако на тоа се додадат и 150 евра за металните делови (копчиња, алки, патенти), цената оди уште погоре. Рекламирањето е 156 евра по ташна, а 390 евра по ташна се и трошоците за дуќаните од кои некои се наоѓаат на најскапите улици до сега.
Така се доаѓа до околу 1300 евра, што е 50% од крајната цена од 2600, што значи, другите 50% одат во статусот, задоволството и едноставно - потписот.
Па, вие видете.