Дали анти-ејџинг производите треба да бидат толку скапи?

Спојлер и краток одговор - изгледа не. Долгиот одговор опширно го објаснува Бизнис Инсајдер.

Стигна ли Ла Мер до вас? Барем, виртуелно? Ако барем малку пратите буржујски туторијали на Јутјуб, ќе претпоставиме дека да. На Твитер некои србинки веќе се пожалија дека „одеднаш сите нешто Ла Мер користите, а до вчера Павловичева шлапавте”, а може и веќе сте налетале на некој што не затнува дека подоле од Ла Мер не иде.

Зошто толку драма?

Затоа што кремата за лице на Ла Мер знае да биде и околу 500 евра. И тоа зависи која, а варира цената и во однос на типот на производот. Што значи дека еден куп социјални прашања отвара ова. Од тоа кој со кого наскоро ќе почне да се такмичи со користење на брендот, до тоа кој прв почнал, „ја коа ставав Ла Мер ти кај беше”, до мерење статусни симболи, до реални сведоштва од луѓе што реално можат да си ја дозволат и стварно се колнат во нејзе и на крај, меѓу побитните прашања - вреди ли за парите?

Проблемот е што ниедна компанија (барем во Америка), кога се работи за козметички производ - не е обврзана да докаже дека тврдењата околу производот се стварно точни. На пример, ако тврдиш дека користиш алги од богзнае какво море, берени стриктно во јануари, кога им се најсилни анти-ејџ дејствата (затоа што се тестирани на риби и рибите се многу мазни и слични други глупости), немаш обврска да покажеш како си дошол до тој заклучок. Сè додека алгите не ти отвараат рани на кожата, или ако сме озбилни - сè додека фино ѝ влијаат (а не мора да значи дека баш ублажуваат симптоми на стареење) - ем можеш да правиш што сакаш, ем да ставиш цена каква сакаш.

Вкусови за креми за лице има колку што има и жени и реалноста е дека постојат жени кои никогаш не би се откажале од Ла Мер.

Уште поубитачна реалност е дека истите својства може да ги има и крема од 50 евра, а богами и од 5. Затоа што, состојките што ви се потребни за негувана кожа која ќе подзаборави да старее се горе-долу исти.

Патем, Ла Мер е само еден пример. Не е ни најскапо.

Овде е сè одлично објаснето:

11 декември 2019 - 22:20