Да видиме еден наградуван филм за гаслајтинг

Your Reality е повеќе пати наградуван краток психолошки трилер што разработува гаслајтинг, со цел да ја крене свеста за ова опасно, емоционално злоставување и да помогне во препознавање на знаците.

Филмот следи млада успешна жена што работи во маркетинг, се вселува заедно со својот шармантен дечко-фотограф и може да изгуби сè, како што станува сè понесигурна во способноста да ѝ верува на сопствената меморија.

И пратете убаво, како гадниот од прв состанок е гаден.

Трае 20-тина минути и е ужасно тежок за гледање. Сепак, топла препорака, затоа што гаслајтери треба да се сечат во корен, од старт, без пардон. 

За полесно препознавање и сечење, корисно е да се потсетиме на 7-те фрази што ги користат гаслајтери, а и да се научиме да препознаваме нарциси. Така полесно се бега од нив.

А после филмов, Тексашки масакр ќе ви дојде ко Love, Actually.

1 декември 2021 - 01:00