Чиста уметност од стан

Без разлика дали ќе ја барате уметноста директно на ѕидовите, или ќе ја барате во осетот за уредување и декорирање дом на луѓето што живеат внатре, уметноста е таму, во секој ќош.

Станот е на Стејси Бендет, основачката на Алис+Оливија, во една од највисоките згради во Њујорк.

Прво што се гледа е огромен протрет на нејзините три ќерки, насликан од страна на семејниот пријател Џулијан Шнабел. Но, на подот има корпи, со името на секој член на семејството (сосе миленици) и во нив има парчиња секојдневен живот во вид на Крокс, чорапи и други слични вообичаени нешта.

„Ако си креативен,“ вели Бендет, „има одредени места што едноставно ќе ти се погодат, ја чувствуваш енергијата.

Многу њујорчани сакаат во таа зграда, која низ децениите им била дом на луѓе како Леонард Бернстин и Џон Ленон и Јоко Оно.

Бендет сакала простор кој ќе изгледа како за возрасни, и ќе биде среден и елегантен да одговара на зградата, но истовремено ќе биде забавен за семејството и пријателите.

Резултатот е ова:

Инаку, Алис+Оливија  е моден бренд што треба да го запамтиме. Бендет го лансирала во 2002, а сега се продава во над 50 земји во светот. И еве, бонус, ден во животот на Стејси Бендет:

А еве што создава:

1 февруари 2024 - 12:17