Кога Бритни прв пат прозборе против татко ѝ и наметнатото старателство, јавноста се шокираше од вистината. Бритни наведе дека семејството ја присилило на трауматичен 13-годишен аранжман сличен на бело робје со кој што секој аспект од нејзиниот живот, вклучувајќи ги и финансиите се контролирани од трета страна. И остана прашањето, колку пари има реално после 20 години на таква позиција во музичката индустрија.
Бритни, која сега има 39 години вреди околу 60 милиони долари, според едно истражување на Форбс направено во февруари 2021, но таа бројка е значително помала од она што на сметка го имаат нејзините сродни колешки. На пример, Бијонсе истата година е проценета на 420 милиони, а и двете се појавија во ’99-та, двете направија масивни кариери - а сепак, има огромна разлика и во нивните финансии.
Дури и Џесика Симпсон, која излезе на сцена во исто време, во моментов вреди повеќе од Бритни со 110 милиони долари, иако не го постигна истото ниво на успех како нив.
Медиумите известуваат дека Бритни има собрано речиси пола милијарда долари само од турнеи, односно 485 милиони долари од настапи по свет, па станува јасно дека „чувањето“ на кое беше подложена било голем удар за нејзините финансии.
Ѝ почна во 2008, кога судот го назначи татко ѝ за одговорен за нејзиниот живот и пари. Кога престана да ги контролира средствата, ја ставија на неделен џепарлак и ѝ беше забрането да троши големи пари на нешта како на пример, реновирање по дома. Овој месец, таткото, Џејми Спирс се согласи да се повлече од позицијата на старател „кога ќе дојде време.“
Според Форбс, Бритни плаќала „милиони долари адвокатски трошоци врзани за старателството“ последниве години и алиментација на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн кој ги чува нивните две деца Шон и Џејден.
Додека ја чуваа како „неспособна“, сними четири студиски албуми и имаше четири светски турнеи. Настапуваше и во Лас Вегас од 2013 до 2017, со заработка од 137 милиони долари.