Визуелно, популарноста, според трендовите на Гугл, изгледа вака:
Barbie vs Oppenheimer: Which is the most searched movie in the Balkans in the last 24 hours pic.twitter.com/NdGhhZ9IUw
— kos_data (@kos_data) July 22, 2023
Целата манија успеа да стави и уште малку масло на огнот на тензиите меѓу Косово и Србија. Откако Виетнам го забрани филмот поради една контроверзна мапа што за некои значеше геополитички импликации, се појави и фотошопирана балканска варијанта, заедно со текст дека филмот е забранет и во Србија - на монтажата, позади Марго Роби не стои шарената, паушална мапа на светот туку мапа на нашиов дел од планетата, со - Голема Албанија:
Без разлика што мемето е веројатно на мајтап, тоа не спречи еден куп луѓе да реагираат многу сериозно, уверени дека се работи за легитимен скриншот. Global Voices го уловиле ова:
Реалноста, во случај некој да пропуштил, е дека „Барби“ воопшто не беше забранет во Србија, напротив: Дистрибутерот го прогласи за најпосетен филм во кината од пандемијата наваму. Само првиот викенд имал над 60.000 гледачи и заработил 306.000 долари што е голема сума за земја со 6 милиони.
Од поведрите теми, филмот ги потсети луѓето на барбиката Лепа Брена - Музејот на Југославија сподели слика сеќавајќи се на локалната верзија што ни беше популарна во ‘80-те.
Dok ceo svet luduje za novim filmom Barbie #izdvajamoizkolekcije barbiku napravljenu po liku Lepe Brene. Ovaj proizvod sa likom poznate pevačice prorduciran je uz album „Boli me uvo za sve“, koji je ujedno i muzička podloga u filmu „Hajde da se volimo 3 - Udaje se Lepa Brena“. pic.twitter.com/M48kV5lrWL
— Muzej Jugoslavije (@MuzejYU) July 24, 2023