Иако ковид-случаите секојдневно растат, Баленсијага инсистира ова да се прави лично. Според нив, дел од самиот процес е всушност искуството - да избереш боја, да видиш што сакаш да ти нацртаат со спреј и да го запознаеш уметникот (се надеваме на растојание и со запазени мерки). Сето ова придонесува кон ексклузивноста.
Модно-историски гледано, со ваквото персонализирање, Баленсијага дава ново значење на уличната мода - графити веќе не е само за по фасади, сега ти виси на рамо. И не само таму - можете да изберете паричник или маска за телефон. Си бираш боја на предметот што сакаш да го вандализираш и бираш начин. Уметникот ќе ти го испрска твоето име, твојот град или едноставно „Баленсијага“. Е сега, маката за поголемиот дел од светот е што ова мораат да го прават со посредник, со оглед на тоа што целата кампања се случува во Кина.
Нас и онака исто ни се фаќа.