„Астероид Сити“ на Вес Андерсон руши рекорди

Премиерата му беше во Кан, па во одредени кина во САД пред три недели - и веќе го гледа поширока публика и веќе руши рекорди.

За филм што се прикажал само во шест кина, заработил скоро 1 милион долари за четири дена, што е највисока заработувачка од „Ла Ла Ленд“ наваму, а допрва треба да се прикажува на глобално ниво.

Официјално, се работи за млад вселенски кадет на конвенција организирана за да се спојат студенти и родители од целата земја за колегијален и академски натпревар и сето тоа се спречува поради настани кои го менуваат светот.

Не звучи како Вес Андерсон, ама е, што значи Вес Андерсон се бави со научна фантастика и значи дека мора да се види тоа. Навикнат е на некои актери и знае редовно да ги ангажира, но овој пат, екипата е опишана како „поголема од повеќето други филмови на Андерсон кои по природа се со собрани ѕвезди“.

Има донесено и нови ѕвезди - Том Хенкс и Марго Роби се вклучуваат во неговиот универзум, а другите се редовните Џејсон Шварцман и Едвард Нортон, па Скарлет Јохансон, Џефри Рајт, Брајан Кранстон, Лив Шрибер, Маја Хок, Стив Карел, Мет Дилон, Вилијам Дефо, Џеф Голдблум, Рита Вилсон и „уште многу други“.

Има слики од снимањето што укажуваат дека е класика Вес Андерсон:

А има и трејлер:

20 јуни 2023 - 16:29