Апдејт на плакар, или како да го трансформираш стилот во 2024

Некој кажа дека јануари е free trial. Ама февруари почна, па можеме да размислуваме каква промена може да се направи во плакар.

Жустин Леконт има пет предлози:

1. Освежување на палетата на бои
(боја на 2024 е праска, чисто за идеја, иако не е некоја идеја). Едноставно, сменете, или додате боја. Одма е посвежо.

2. Обновување на акцентски парчиња
Може да се додатоци, чевли, или едно парче околу кое го градите аутфитот, ама сепак се акценти на целиот изглед. Не обновувајте основни парчиња, обновете ги акцентите, и магично станува ново.

3. Изберете моден период во фокус
На пример, ‘50-те - висок струк, цигара-панталони, појаси… И можете да се движите околу тоа (во ‘50-те и машките костуми се одлични, а Армани веќе ни покажа како треба и за мажи и за жени).

4. Дефинирајте клучна тема
Природни материјали, или синтетички? Рециклирано? Половно? Крзно (лажно) во боја?

5. Модна капсула базирана на патувања
Ако одите во Берлин, инспирирајте се од тоа како се носат луѓето таму. Темно, широко, капчиња, чизми… Или од Лондон земете помеко. Или од Париз поостро. Идејата е многу фина:

9 февруари 2024 - 11:24