Фешн блог:

Ако ви фали инспирација за купачи

Ич не е фер што штом дојде лето, модните блогови се полнат со инспиративни постови за секакви некои слатки купачи, што де истакнуваат женственост или облини, де се најнов тренд, де „морате ваков, инаку нема да почне летото“. Нели се греота мажите да останат без инспирација?

Супер изгледаат со моден додаток - чадор.

Ако се чувствувате храбро и ви се покажува повеќе кожа.

Жените ќе ве обожаваат.

Можете да си набавите различни модели со другарите.

Или различни модели што сепак ќе одговараат меѓу себе.

Гледајте колку ќе бидете најјаки на плажа како овие нацртани мажи тука.

Затоа што нема појако од плетени купачи.

Особено е битно да е покриен папокот.

Пробајте со каиш.

Ќе бидете инспирирани за најразлични плажни догодовштини.

Миничот не е само за жени.

Конечно добра причина за пуштање брк.

Ќе ве вратат во детството кога ви облакаше мајка ви шпилхозни.

Гледајте на пример колку е најзгоден оној најлево.

Купачи вредни да се појават во LIFE.

Само жените ли да имаат дводелни.

Само жените ли да имаат натписи на купачите.

Џабе лето ако немате такви како тие горе лево.

И ако мислите дека сте боље од сите горенаведени модели, да ве потсетиме дека Шон Конери се облече вака. А не сте боље од Шон Конери.

 

10 јуни 2017 - 16:32