Зошто се седи во врска кога сакаш да раскинеш?
Може да ти е жал (што е многу глупо, затоа што во врска се бива од сакање, не од сожалување).
Може чекаш да помине стресен период, за да не додаваш и ти на стресот (тука си заебан, затоа што оди па раскини кога ќе рече „конечно малце раат, да поуживам”).
Може си и гаден, па гледаш да бидеш уште погаден, да те намрази па другиот да ти раскине (што е глупо да му го правиш на некој што некогаш си го сакал).
Поентата е дека добар момент за безболно раскинување не постои. Има олеснителни околности, на пример, лажење за сериозна работа, гледање со други луѓе кога не сте договорени дека смеете да се гледате со други луѓе, или ненадејно сфаќање дека партнерот е сељак, без разлика на кој пол припаѓа.
Што правиме кога ништо од тоа не се случува, туку едноставно - не иде? Тоа потешко се прекинува.
Особено во средина како нашата, каде што, ако сте заедно долго време (па и деца, па и кучиња, па и фамилии, па свашта), луѓето се навикнати дека сте заедно и точка.
Напорно е да се справиш со сите тие детали, ама уште понапорно е да одржуваш нефункционална врска со човек со кој веќе не сте компатибилни.
Сите овие мудрости и уште некои, во излагањево подоле. Изгледа му вредат на дечково зборовите - видеото е 4-то на трендинг на Јутјуб и го виделе два ипол милиони луѓе.
Изгледа на многу луѓе фино им доаѓа инспирација за раскинување, и не можеш да ги обвиниш - баш непријатна обврска е, ама сепак - обврска.