Ирската пејачка и композиторка чие вистинско име е Eithne Pádraigín Ní Bhraonáin, ја викаат кралица на њу ејџ музиката и е една од најенигматичните и најзатворени луѓе во музичкиот свет.
Ениа О‘Бренан (адаптација на ирското име од погоре) се нема појавено во јавност повеќе од осум години и живее во нејзиниот викторијански замок со име Мандерлеј Касл, во Килини, блиску до Даблин. Имотот е проценет на 4 милиони евра и е само мал дел од нејзиното богатство кое надминува 100 милиони евра, што ја прави една од најбогатите во Ирска.
Има 63 години, не била во брак и нема деца. Единствената придружба ѝ се 12-те мачки и персоналот што се грижи за нејзиниот дом.
Ениа ја почна кариерата во 1979 година со неколку нејзини браќа и сестри во бендот Кланад, пред да почне соло. Досега има 8 албуми и продадено над 80 милиони примероци на светско ниво, без некогаш да одржи концерт во живо. Најпродаван ирски соло-изведувач и втор најголем музички извоз од земјата, после U2.
Овде објаснува и што ѝ значи името: