Ако Мисисипи стави „Веруваме во Бога“ на знаме, сатанистите ќе тужат

Каков симпатичен проблем е ова.

Мисисипи треба да го менува знамето во очи на борбата против расизам, и откако се откажаа од логото, си смислија само едно правило: Новото знаме мора да вклучува „In God We Trust.“

Ова нема да им успее без правна битка. Сатанистичкиот храм објави дека планира да ја тужи државата ако им дозволат религиозно знаме.

Од писмото испратено до правниот застапник Лин Фич минатата недела:

„…Иако Сатанистичкиот храм го поддржува отстранувањето на знамето на Конфедерацијата, отстранување на еден симбол на исклучување одредена група, само за да се замени за иста таква фраза, не го елиминира исклучувањето, туку става една група во ист кош со други.

Мојот клиент би сакал да предложи, кога веќе Мисисипи става религиозна фраза на знамето, да биде поврзана со Сатаната…“

Писмото ги истакнува Седумте заповеди на сатанистите (далеку поморални од Десетте божји заповеди) како оправдување за тоа зошто сатанистичката верзија многу повеќе одговара со вредностите на Мисисипи.

Какви тролови.

Сепак, адвокатот признава дека додавање на „Веруваме во Сатана“, може да не им се допадне на граѓаните, па токму тоа го наведува како можност лесно е да се замисли зошто би се чувствувале атеистите, сатанистите и другите луѓе со нетеистична вера исклучени со додавањето на „Веруваме во бога“, на државно знаме.

Со оваа поента, групата бара нивното барање да биде разгледано.

„Доколку државата Мисисипи инсистира да ја стави оваа исклучувачка религиозна фраза на знамето, планираме да поднесеме тужба.“

Портпаролот на Сатанистичкиот храм Лусиен Гривс го објаснува мотивот зад писмото:

„Како Сатанисти, прикладно е да се осигураме дека и Сатаната е еднакво застапен, но јасно е дека државата си отвора работа со бескраен број на поплаки од други религиозни идентификации ако така блесаво решат да стават религиозна порака. Се надеваме дека нашето барање ќе им помогне да размислуваат појасно за слогани што покажуваат почит кон уставно заштитената религиозна слобода и плурализам.“

Некако тешко дека тужбата ќе им заврши многу работа, со оглед на тоа колку се американските функционери слепи за сѐ што не е нивно, ама просто е воодушевувачки како на секоја глупост што ќе им текне, одма има Сатанист што е „длабоко навреден“ и ужива да им мати вода.

10 јули 2020 - 01:05