Ако Брајан Меј страда од „синдром на натрапник“, што останува за нас?

„Мислам дека никогаш не се губи.“

Брајан Меј е често искрен со јавноста на начин што дури може и да го прикаже како ранлив и нема проблем со тоа. Низ годините има споделувано детали за неговото ментално здравје, а последно и дека страда од синдром на натрапник, што пак кажува дека, без разлика на успехот (а замислете ја величината на успехот на Брајан Меј), чувството може и да не исчезне.

„Цело време,“ одговара Меј на прашањето дали некогаш се почувствувал дека не припаѓа, или дека не вреди доволно, што е всушност дефиницијата за impostor syndrome. „Секогаш влегувам во просторија, дури и сега, кога сум Сер Брајан Меј и си мислам, што си мислат луѓево? Може не треба да сум тука. Многу често ми се случува и додека не ми се обратат, секогаш претпоставувам дека или не знаат кој сум, или секако не би ги интересирало, или ќе им бидам смртно здодевен. Многу често ми се случува тоа.“

Неверојатно искрено признание за интервју, и карактеристика во која уметниците често се пронаоѓаат. Меј дообјаснува дека тоа чувство не му избледело со текот на времето, дури и кога е попризнат и поостварен, дури и како водечка гитарска икона во научниот свет.

„Не се губи. И логиката ти вели, јас сум тој и тој и луѓето ќе го очекуваат ова, не очекуваат да сум тинејџер веќе, очекуваат да знам што правам. На некој начин е здраво, затоа што те спречува да бидеш арогантен и да вадиш претпоставки. Па, затоа и не ми пречи толку.“

Брајан Меј има докторат од 2007 во полето на астрофизиката и беше ректор на ливерпулскиот универзитет Џон Мурс од 2008 до 2013. Тезата е A Survey of Radial Velocities in the Zodiacal Dust Cloud.

6 декември 2023 - 12:06