А најфино би било да не го тупиш

Overthinking, или оптеретување со глупости е една прилично мрачна и штетна работа ако не ја ставиш под контрола.

Обично глупите луѓе и луѓето што се генерално без осет не се оптеретуваат премногу со сè што ги опкружува. Со надеж дека сè уште ќе задржиме некаква човечност и осет, а покрај тоа нема надежно да влетаме меѓу глупите, ред е да се запрашаме: дали може да не се замараме со сè и сешто?

Треба посветеност, ама може.

Има истражувања што покажуваат дека ваквото непотребно замарање не е така наивно ако се претерува - знае да доведе и до депресија, нервоза, прејадување, препивање, несоница и себеповредување. 

Секако, во ред е да посветиш малку време на интроспекција, да размислиш, да расудуваш, ама постои граница меѓу ова наведеново и сериозно малтретирање на сам себе и тоа за жал, многу често околу небитни работи: интонација со која што е нешто кажано (дали беше иронично?!), интерпункција во порака, или ич интерпункција (ми се лути?!), неочекувано (а сепак нормално) однесување на некој близок и понатаму ви се веројатно познати работите што често знаат да ви паднат на памет. Да не правиме муабет за тоа колку пати ќе се премислиш како да напишеш нешто, или да се обратиш, или да побараш, а од другата страна само ќе ти речат: ОК.

Оваа појава некогаш знае само по малку да нервира, а некогаш вади од такт и стварно те остава без спиење. Среќа, па може човек да се истренира да не го тупи.

5 јануари 2018 - 17:54