8 женски архетипови

Видео-студија за фасцинантниот свет на архетиповите на женственоста - има осум, а се однесуваат на начинот на кој жените ја истакнуваат сопствената женственост.

Секој архетип нуди поинаква призма. Fiercely Feminine ги дели на:

Сирена - како Мерилин Монро - убавина, шарм и магнетизам, често во литературата и медиумите прикажани како заводнички.

Мистериозна - енигматична, таинствена и интригантна, како Малена на Моника Белучи.

Принцеза - со традиционални карактеристики на женственоста, како сите принцези на Дизни што обавезно имаат спасител (во последно време се појавуваат аргументи дека принцезите на Дизни сами си завршуваат работа).

Безгрижна - искреност, забава, љубопитност и авантура - жена која не чувствува товар од одговорности, или очекувања од општеството.

Грижлива - и како карактеристика дел од секоја жена, а претставува грижа и безусловна љубов - во филмови и литература најчесто мајки, тетки, баби, па и самовили.

Кралица - самоуверена, смирена, прибрана и инспиративна - како мисицата Зозибини Тунзи, која со самото обраќање предизвикува да ја слушаш внимателно.

Природна - опуштена, автентична и шармантна - во медиумите е жена што си ја прифаќа природната убавина и цени едноставност.

Божја/божествена - како моќно суштество од запоставените верски текстови - се грижи за семејството, сама си ја води работата, сама купува земја и е „облечена во сила и достоинство“.

14 септември 2023 - 00:00