Воведот за антагонистката во „Злобни девојки“ убодува кога ја истакнува импресивноста на тезга со јапонска реклама. Она што не се спомнува, сепак, е колку една јапонска реклама може да биде ненормална. Епизодата во „Пријатели“ кога Џои рекламира јапонски кармин не е далеку од реалноста.
Некои од луѓево веројатно не мислеле дека рекламата ќе ги премине границите на Јапонија. Леонардо Ди Каприо веројатно не мислел дека ќе го гледаме како се тепа со јапонска мафија, Мараја Кери дека се бори како на Стрит Фајтер (со кафе), или Бред Пит (кој може не се секирал толку дали некој ќе види) соработува прв и последен пат со Вес Андерсон.
Бритни Спирс за Суки гумени бонбони
Годината е 1999, Baby One More Time влегува на топ листи и Бритни е најголемата поп ѕвезда на планетата. Кој сака поп ѕвезди? Деца. И што друго сакаат децата? Благо.
Синди Крафорд за Покари Свет
Во 1986, две години откако се откажува од студиите по хемиски инженеринг и се сели во Њујорк за да проба манекенство, Синди Крафорд се појавува на насловната на Вог. Истата година се појавува и во доста луда јапонска реклама за спортски пијалак.
Кијану Ривс за Сантори виски
Долго пред да излезе Матрикс, Кијану е веќе претставен седнат сам во мрачен стан, фиксиран за компјутер. Годината е 1992, и благодарение на Дракула и Поинт Брејк, Кијану е многу популарен и се разбира - и Јапонците мислат дека ќе им вреди во реклама.
Мараја Кери за Нескафе
Во 2000, Мараја се тепаше во Стрит Фајтер, играше фудбал и се тркаше со коли, пиејќи минијатурна лименка кафе за да прослави колку е јака. Сето ова во јапонска реклама, се разбира.
Леонардо Ди Каприо за Орико Кард
Светот полуде по Леонардо Ди Каприо поради Титаник, Ромео + Џулиет и Плажата во ’90-те. Во рекламата за картичката на Орико, се тепа со мафија, фаќа крадец и спасува лифт полн луѓе, па плаќа со златна Орико картичка за хаосот што го направил.
Николас Кејџ за Санкјо пачинко
Ако има една улога по која Николас Кејџ вреди да се запамети, нека биде тоа промоцијата на пачинко - бучна, хипнотизирачка игрица полна со мали, сребрени топчиња. И не направил една за јапонскиот гигант Санкјо, и не било ова пред сто години - во 2006 има снимано.
Мадона за Џун Леџенд саке
Со чевли за гејша, Мадона влегува во гнездото на еден златен змеј, на музика што сама ја има напишано и снимено специјално за рекламата. Со меч отсекува една топка од устата на змејот која потоа се трансформира во чаша Џун Леџенд саке со мраз.
Бред Пит и Вес Андерсон за СофтБанк
Инспириран од комедијата Одморот на Месје Уло, Вес Андерсон го снима Бред Пит во една, за промена, шармантна реклама од 2008 за третиот најголем оператор во Јапонија. Бред Пит потоа има снимено и други за истиот клиент, но на оваа конкретно прв и последен пат (досега) соработува со Андерсон.