400 милиони долари за „Бикини тело“

Вие може мислите дека е небитно, ама во светот на фитнес инфлуенсерите, вакви трансакции се скоро па секојдневие. Во вторникот, Кејла Итсинс, личен тренер и Инстаграм-инфлуенсерка објави дека со нејзиниот бизнис партнер и поранешен свршеник Тоби Пирс ја продале апликацијата Sweat за 400 милиони долари.

Ако ви фали контекст, тоа е нешто помалку од бруто домашниот производ на Микронезија.

„Следното поглавје на Sweat почнува денес!“ напиша Австралијанката на Инстаграм. „Беше неверојатно патување, се сеќавам кога држев еден-на-еден тренинзи кај моите во двор, па потоа групни тренинзи во парк во Аделаид.“

Популарноста ја стекнува со е-книгата „Водич за бикини-тело“, наслов за кој се разбира сега пригодно жали, затоа што во моментов модата е „секое тело е бикини тело“. Ја има напишано со тогаш-дечкото Пирс, што потоа доведе до основање на Bikini Body Training Company, за во 2015 да станат едноставно - Sweat.

Во последниве 6 години, апликацијата е симната повеќе од 30 милиони пати, а само во 2020, заработија 100 милиони долари. Иако се разделија лани, Итсинс и Пирс остануваат бизнис партнери и заедно вредат 209 милиони долари. Имаат и двегодишна ќерка, Арна Леја.

На Инстаграм, Итсинс тврди дека продажбата на Sweat нема никако да влијае на оние кои вежбале со неа уште од почетокот, додавајќи дека iFit ќе помогне да се прошири платформата и ќе донесе повеќе разноликост во содржините за вежбање.

16 јули 2021 - 09:16