25 митови за бременост - срушени

Време е да ги оставиме бабините деветини на страна и да чуеме што имаат гинеколози и акушери да ни кажат за митовите што се создале од векови наназад рекла-казала.

На пример, „За време на бременоста треба да јадеш двојно повеќе.”

Прво, тоа објаснува зошто некои трудници качуваат и по 40 кила, некој ги излажал, така млади. Второ, не е точно. Потребни се само 200 калории повеќе дневно, и тоа под претпоставка дека ја почнувате бременоста со идеална тежина.

„Изгледот на стомакот го покажува полот на бебето.” - Нема шанси.

„На нероденото бебе можеш да му ја пренесеш настинката.” - На ова, докторката како да сака да каже дека е тешка глупост, ама на време успева да срочи комплетен мит.

„Бремени жени не смеат да јадат хот-дог.” Под претпоставка дека не го јадете во ненормални количини, тотален мит е ова, и ништо нема да ви биде. Да, има подобра исхрана во текот на бременоста од виршла, ама ако имате крејвинг - во ред е.

„Бремени жени не смеат да галат мачки.” - Глупости. Бремени жени не смеат да менуваат песок и да чистат измет заради ризикот од токсоплазмоза, ама мачките смеат да си ги галат.

Овие, и уште 20:

11 ноември 2019 - 17:02