20 правила за подобар живот, според Марк Менсон

Марк Менсон е автор на The Subtle Art of Not Giving a Fuck, кај нас преведена како „Е, баш ме заболе“ и на Инстаграм споделува хакови за раат (и други мотивациски работи).

  1. Преземи одговорност за сè што ти се случува во животот, дури и кога не си ти крив.
  2. Развиј одреден степен на удобност со фактот дека на некои луѓе нема да им се допаѓаш.
  3. Ама не превисок степен.
  4. Немој да носиш претпоставки за луѓето. Ќе те спречи да ги запознаеш подобро, а секако не знаеш низ што поминуваат.
  5. Ако не би прашал некого за совет, зошто би те болело уво за неговата критика?
  6. Секогаш признавај кога не си во право и признавај им на другите кога се.
  7. Нека те бива за извинување. Што е поважно, нека те бива и за простување.
  8. Вежбај барем малку секој ден. Истегнувај се.
  9. Спиј. Многу. Многу повеќе отколку што мислиш дека треба.
  10. Развиј добар однос со храната - треба да те храни, не да те теши.

  11. Кога носиш значајна/скапа одлука: Ако не е Fuck yes!, тогаш веројатно треба да биде Не.
  12. Никогаш не се жали. Никогаш. Ништо не решава тоа и привлекува луѓе што се за никаде.
  13. Не се дружи со луѓе што те прават полоша личност.
  14. Со тоа, обиди се сите со кои се дружиш да бидат подобри луѓе.
  15. Биди беспоштеден за претходните две правила.
  16. Кога се сомневаш, секогаш движи се кон страната на великодушноста.
  17. За сè: Постојаноста е поуспешна од интензитетот. Како желката и зајакот.
  18. Емоциите се фидбек, не факт. Важни се или неважни колку што ти ќе ги направиш.
  19. Темелно потруди се да дефинираш што значи за тебе успех.
  20. И потоа, не престанувај да ја доведуваш таа дефиниција во прашање.
26 август 2025 - 12:42