12 рани знаци дека врската нема да трае

Лесно е на почетокот да се превидат сите недостатоци на личноста со која сте опседнати до степен на нејадење, станување од кревет среќни и планирање заеднички живот. А реалноста е дека многу од врските не траат вечно (како што ќе ви каже и минатото) и се распаѓаат поради нешта што биле присутни од самиот почеток, само што не сме имале капацитет да ги забележиме.

Конфликти и несогласувања се нормални, дури и препорачливи - но сепак, таа „нормалност“ се мери во тоа колку често се случуваат. Од оваа мерка знаеме дали сме на стабилни или на стаклени нозе.

Прв знак е кога врската се заснова исклучиво на романтичната привлечност. Да, првобитниот контакт, па ако сакате и првите недели се базираат токму на ова, но здрава врска вклучува различни интереси кај секој од партнерите, кои притоа имаат нешто заедничко. Комплетно различни интереси и ставови се нешто што на долг рок ги оддалечува.

Понатаму, нормално и препорачливо е секој од партнерите да има свој круг на пријатели. Сепак, изразена антипатија кон социјалното опкружување на партнерот е знак кој треба да се протолкува, ако ништо друго, барем како поттик за размислување со каков човек имате работа.

Ако поминувате време исклучиво со партнерот, тогаш сте на скоро сигурен пат кон раскинување, или ако ништо друго - се осудувате на незадоволство - затоа што наскоро ќе изгубите чувство за себе и ќе ги оддалечите луѓето кои ве опкружувале до почетокот на таа врска. Ова не е ни здраво, ни природно, во превод - немојте да бидете црева.

Следното е поделикатно, бидејќи врските знаат вака да почнат - ви личи како само вие да се трудите. Или во поретки случаи, како само партнерот да се труди. Ова се покажало како променливо во историјата на една врска, па со тек на време еден се свестува, но не влегувајте во таа статистика на луѓе што „го чекаат да му текне.“

Меѓу знаците дека врската оди во еден правец кон пропаст е кога уште од почеток се чувствувате контролирани. Ова чувство не треба да се отфрла - напротив - треба да си го доживеете како еден метафоричен шамар, затоа што „блага“ контрола многу лесно станува идиотска контрола. И не се работи само за „не може ваму“ и „не смее тоа“, туку и за моменти кога вашето мислење не се вреднува.

Отворајте очи и ако партнерот е постојано грозен со други луѓе. Нељубезен, непријатен, без почит и без разбирање. Многу е можно да е таков, или таква природно и пријатниот однос со вас да е една состојба пред опуштање, или поточно - прашање на време е кога ќе влезете во група со останатите.

Знак е и кога упорно се преправате дека сте некој друг и никако да се опуштите да бидете свои.

Кога се чувствувате неприфатено.

Постојани расправии.

Не си верувате.

Пасив-агресив.

А понекогаш врските се распаѓаат и затоа што едноставно баш на тие двајца не им е време да бидат заедно.

13 декември 2020 - 23:49