Нов вкус на Цедевита од црвен портокал-од сега во сите пакувања

Следејќи ги светските производни трендови, но и слушајќи ги барањата и потребите на потрошувачите низ целиот регион, Цедевита постојано работи на развој на нови иновативни решенија. Резултат на интензивна работа за усовршување на цитрусните вкусови е новата Цедевита од Црвен портокал, која од оваа година можете да ја пронајдете во сите пакувања.

Приказната за Цедевита е приказна за една од најуспешните и најдолготрајни хрватски брендови. Овој популарен витамински пијалак е присутен во хрватските домаќинства повеќе од 50 години, а со својот квалитетен и освежителен вкус ги освои срцата на потрошувачите низ целиот регион. Големата популарност на традиционалниот вкус од портокал ја истакна потребата за негово понатамошно ширење обликуван во модернизација на одредени сегменти од постојното портфолио.

Имајќи го ова во предвид, следеа бројни активности за истражување и развој, кои преку тимска работа на реномирани експерти, доведоа до иновативна формулација на Цедевита во нова црвена форма.

ЦЕДЕВИТА ЦРВЕН ПОРТОКАЛ – ПОВЕЌЕ ОД ТРАДИЦИОНАЛЕН ВКУС НА ЦИТРУС

Вкусовите на Цедевита, познати по својот уникатен освежителен вкус и комбинацијата на 9 витамини, им даваат на генерациите моменти на заедништво и позитивна енергија. Минатата година бевме сведоци на неочекуван пресврт на најпопуларниот и најбараниот вкус од портокал.

Вкусот од црвен портокал, тогаш во HoReCa (19 гр.) и On-The-Go пакување (340 мл.), доживеа исклучително позитивни реакции низ целиот регион со силно изразување на желба за доаѓање на нов вкус и во други пакувања. Слушајќи ги побарувањата и потребите на своите потрошувачи, оваа година Цедевита дополнително го подобри потрошувачкото искуство со внесување нови возбудувања во продавниците, во формати од 200гр, 500гр и 1000гр.

Црвениот портокал е познат по својата специфична боја, па затоа и самата амбалажа се истакнува во уникатно и забележливо црвено пакување. Сочен и богат вкус со остра нота на уникатна слатка и кисела комбинација, секако ќе ве охрабри да го поминете времето со сигурен извор на девет витамини од новиот црвен вкус.

(Комерцијален текст)

26 февруари 2021 - 15:47