Замина авангардната принцеза Слаѓана Милошевиќ

После кратка болест, во Земунската болница почина Слаѓана Милошевиќ (69).

Својот прв голем настап го имаше во 1977 година на Хајдучка чешма, каде настапи пред Бијело дугме.

Сакаше да руши табуа па некои од песните, како на пример „Секси дама“ не беа пуштани на југословенските радио и ТВ станици.

Во 1984 година со Дадо Топиќ го сними евергринот „Принцеза“.

Пет години подоцна, замина во САД каде свиреше со групата „Baby Sisters“, работела во маркетинг агенции а едно време била и брокер на берза.

После 10 години, се врати во Белград.

Беше екстравагантна, впечатлива, своја.

 

26 март 2024 - 14:20