Златко Буриќ е прогласен за најдобар глумец во Европа
14 декември 2022
- Хрватскиот глумец Златко Буриќ ја доби наградата за најдобар глумец на 35-то издание на Европските филмски награди.
- Европскиот „оскар“ го доби за улогата во филмот „Triangle of Sadness“ во режија на швеѓанецот Рубен Остлунд.
- Тој е еден од основачите „Кугла“, култна алтернативна театарска група од Загреб, активна во 80-тите.
- 69-годишниот Златко Буриќ, кој е роден во Осијек, веќе неколку децении живее и работи во Данска.