- „За САД Бајден можеби е подобрата варијанта но за сите надвор од таа држава, Доналд Трамп е помалку лошата варијанта бидејќи помалку би убивал по светот“, вели хрватскиот професор Жарко Пуховски.
- „Во неколкуте последни мандати, демократите наголемо убиваа по светот а републиканците главно не. Трамп можеби нема да ја реши војната во Украина за 24 часа како што најавува, но сигурно подобро ќе постапува со таа ситуација“.
- За Виктор Орбан Пуховски вика дека со последниот потег се покажал како најумешен диплломат од ЕУ бидејќи за два часа разговор со Зеленски, успеал на маса да го стави прашање за воспоставување примирје пред да се преговара за мир.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.