Затворена истрагата за модуларните болници: Немало ништо спорно
20 август 2026
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не утврдило основи за сомнение дека е сторено кривично дело при јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници.
- Биле анализирани јавните набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантните законски прописи.
- По анализата на сите докази и извршените проверки, Обвинителството не утврдило факти што би укажале дека службено лице ја искористило или пречекорило службената положба и овластување, или не ја извршило службената должност со цел да прибави значителна имотна корист или да предизвика значителна штета.