- Случајот Тендери на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
- Претходно застареа дел од обвиненијата за Таргет-Тврдина, Талир, Траекторија и Моќник.
- Јеменските хути потопија и втор грчки танкер во само три дена во Црвено Море. Танкерот Eternity C со 25 члена на екипажот во понеделникот бил погоден со ракети и бил сериозно оштетен. Нападот продолжил, хутите се качиле на бродот, убиле неколку лица и ги грабнале другите. Потоа го минирале танкерот и го потопиле.
- Откако Израел ја почна воената операција врз Газа, јеменските бунтовници поддржани од Иран почнаа кампања против товарните бродови што преку Црвено Море носат гориво и стока до Израел.
- Од ноември 2023 година, хутите нападнале близу 70 трговски бродови со проектили, дронови и ракети од чамец. Досега потопиле четири брода, заплениле еден, убиле најмалку седум лица и киднапирале десетици. Сега тие ги снимаат своите акции.
- Во неделата тие нападнаа и уништија уште еден грчки брод со либериско знаме - Magic Seas. Сите 22 члена од екипажот биле спасени на трговски брод што пловел во близина.